Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на овие избори ќе води позитивна и европска кампања, најави општинскиот Изборeн штаб на партијата на средбата со новинарите на која беа претствени кандидатите за пратенци од Охрид: Томе Чингоски, Анита Азеска и Игор Блажески.

Коалицијата „Сонце“ има потенцијал да победи на претстојните избори и да да ја реализира  програмата која земјата ќе ја внесе во Европа, истакна координаторот на Изборниот штаб во 5-та ИЕ, Бранко Трпчески.

СДСМ во Охрид за голема разлика од своите политички опоненти, ќе води мирна, културна и достоинствена кампања, истакна претседателот на општинската организација на партијата, и кандидат за пратеник, Томе Чингоски. Тој предупреди дека Македонија на овие избори не смее да си дозволи луксуз и изборниот процес мора да мине во фер и демократска атмосфера. „Само со спроведување на фер и демократски избори можеме да им докажеме на нашите пријатели од меѓународната заедница дека Охрид и Македонија го заслужуваат своето место во Европа“, рече Чингоски. Тоа е императив на коалицијата „Сонце“, рече Чингоски. Тој најави дека СДСМ кампањата ќе ја води преку  директни средби со граѓаните на кои како што рече, „ќе се обидеме да им ја предочиме предноста на единствената алтернатива-ЕУ и НАТО“.

Според Чингоски Македонија на овие избори ќе гласа помеѓу изолација и интеграција, при што изрази надеж дека по примерот во соседството и граѓаните ќе ги поддржат проевропските сили предводени од коалицијата „Сонце“.

ohridnews