Објектот на охридската Гимназија е рак рана за охриѓани и дефинитивно не само што од лани ја ужаснува сликата за Охрид и во сончеви, а особено во врнежливи денови, не само што претставува опасност за децата и вработените туку ја претставува и кристално јасно сликата за владеењето на Мицкоски и неговите кадри, реагираат од ОО СДСМ Охрид.

Веќе еден месец помина откако Кирил Пецаков даде отчет за несработеното во Гимназијата, сакајќи на сентименталност да го убеди народот во Охрид дека ЌЕ БИДЕ, ЌЕ СЕ СРЕДИ. Но, и по еден месец ископините се’ уште стојат, учениците се’ уште со страв поминуваат, вработените се’ уште се убедувани дека ќе ја биде работата. Нема време кадарот на Мицкоски да поработи на решавање на проблемот. Времето им е скапоцено и единствено треба да се искористи за промовирање на лажна близина со народот, за манипулативни ветувања и на своите членови, за навреди на политичкиот опонент, за надеж дека ќе дојдат на власт мислејќи дека доволно го натераа народот да им верува, велат од СДСМ Охрид.

Но, фактите, додаваат, не им одат во прилог бидејќи, велат, не умеат ни дворот пред сопствената одаја да си го направат, а не пак држава да водат.

OhridNews