Општинската организација на СДСМ реагира на посетата  на министерот за надворешни работи и носител на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ на културните институции во Охрид:

Да не е жалосна, ќе беше многу смешна веста дека Антонио Милошоски, и тоа во неработен ден, на 17.05.2008 година ги посетил охридска библиотека и охридскиот Центар за култура  „Григор Прличев “.

Во сета несреќа, и многу среќа што тој ден во Охрид не врнеше дожд, бидејќи Министерот за надворешни работи во својата охридска културна мисија ќе накиснеше до гола кожа, затоа што охридскиот Центар за култура  е заборавен од централната власт и прокиснува од сите страни.

Веруваме дека раководството на библиотеката го запозна министерот дека се што виде во библиотеката е направено со средства на Локалната самоуправа и дека не добија ниту еден денар за ” Прличевите беседи “, а раководството на Центарот за култура  го запознаа со жалосната вистина дека само за Охридскиот театар нема средства и дека само на Охрид не му треба театар.

И оваа културна мисија на Министерот за надворешни работи е уште еден школски пример за хипокризијата на ВМРО – ДПМНЕ, едно да зборува, а друго да прави.

ОО СДСМ – Охрид