Најголемата опозициска партија, СДСМ, обвини дека  ВМРО-ДПМНЕ предвреме ја почнала предизборната кампања. Според СДСМ тоа најавува дека во Македонија нема да има фер и демократски избори.

Во соопштението до медиумите, СДСМ упатува забелешка дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорги Иванов вчера  ја посетил изборната единица 6, каде се среќавал со граѓаните и давал изјави за медиумите. СДСМ има забелешки и на активностите кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Според СДСМ со тоа грубо се кршат одредбите од  изборниот закон цел месец пред почетокот на кампањата. СДСМ најостро ги осудува предизборните активности на кандидатите на владејачката партија и бара од ДИК и Советот за радиодифузија да преземат мерки со кои ќе се санкционира неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од СДСМ.

Ohridnews