Македонското здравство има капацитет да се справи со ситуацијата поради Коронавирусот. Болниците се празни, според последните информации има само мал број нови пријавени во нив. Тоа значи дека новозаболените се или без симптоми или со многу лесни симптоми, појава што ја имаме и во други земји особено Италија, велат од општинската СДСМ. Оттаму, додаваат дека сите треба да прифатат дека моќта на вирусот е голема.

  • Или да се враќаме назад и повторно да живееме со рестриктивни мерки, со карантини и полициски часови, или сите целосно да се посветиме на почитување на мерките. Да носиме маска секогаш кога треба, да држиме физичка дистанца, да не се групираме. Ако овие мерки секој од нас ги почитува целосно, бројките на новозаболени ќе продолжат да паѓаат како што паѓаа во оној период кога сите се однесуваа одговорно и доследно ги почитуваа мерките, велат од СДСМ.

Укажуваат дека анализите покажале дека поголемиот број заболени во последните денови е директна последица на неработењето и саботирањето на мерките од страна на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, масовните прекршувања на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час, како што велат, игнорирани Чулев, како и поради тоа што тековните тестирања се таргетирани во познати кластери.

  • Тоа значи дека се тестира во точно утврдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави. Она што е добро е што кластерите се семејни и дека тие кластери се под контрола. Сите ние треба да знаеме дека нови случаи ќе има и понатаму, и сега, и среде лето, и на есен, но важно е тие да бидат што помалку, за да не се оптовари здравствениот систем. Институциите прават проценки и ќе дадат нови насоки како да се однесуваме. До тогаш. Придржувајте се до мерките и држете дистанца и не се групирајте и често мијте раце, велат од СДСМ.

OhridNews