СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР, се истакнува во соопштението за јавност што го објави партијата доцна попладнето, откако национата телевизија објави дека наводно е постигнат договор за ротационен премеиер помеѓу СДСМ и ДУИ по принципот 3+1.
Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори. СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена. На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда. СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти. – се вели во партиската реакција.
Претседателот на државата Пендаровски вчера му го врачи мандатот за составување Влада на лидерот на партијата СДСМ, која освои најмногу пратенички места на предвремените парламентарни избори. Заев има рок од 20 дена да состави мнозинство, доколку не успее ќе треба да го врати мандатот на претседателот. На ова регираше ВМРО ДПМНЕ која смета дека одлуката на претседателот е неуставна, поради што партијата најави замрзнување на односите со шефот на државата.
Г.М.