ОИШ на СДСМ – Охрид денеска ќе одржи прес конференција на која, како што е најавено, на новинарите ќе им се обрати шефот на изборниот штаб и победник на локалните избори, Александар Петрески.

Прес конференцијата на охридските социјалдемократи доаѓа еден ден по забелешките за изборни нерегуларности што вчера, исто така на прес конференција, ги изнесе кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче.

Трендафилов најави повеќе приговори на неделните избори, кои како што информираше се доставени до ДИК. Официјално, победникот на изборите за градоначалник во Охрид ќе биде прогласен по истекот на сите рокови за жалба кои се во тек.

Ohridnews