Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, во рамките на активностите на централниот изборен караван, во текот на вчерашниот ден остварија повеќе средби и трибини со граѓаните од Охрид, Вевчани, Дебрца и Струга, информираше регионалниот изборен штаб на коалицијата „СОНЦЕ“:


Во директен, отворен и непосреден разговор со граѓаните беа презентирани основните одредби на изборната програма на Коалицијата за Европа „Сонце“ за претстојните вонредни парламентарни избори во Република Македонија. Кандидатите за пратеници од Коалицијата „Сонце“  од 5-тата изборна единица, придружувани од претседателот на СДСМ, г-ѓата Радмила Шеќеринска, заедно со лидерите од другите коалициони партнери, дискутираа со граѓаните за сите отворени прашања и проблеми што беа изнесени од нивна страна, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во државата и во нашето непосредно опкружување.

Вчерашните активности завршија со одржување на централниот митиниг на Коалицијата за Европа „Сонце“ во Охрид, што се одржа синоќа, на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, во присуство на неколку илјади граѓани од Охрид и околината. На митингот беа претставени кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „Сонце“ од 5-тата изборна единица. На присутните граѓани им се обратија г-динот Томе Чинговски, претседател на ОО на СДСМ од Охрид и кандидат за пратеник, г-динот Ѓорѓи Оровчанец, претседател на НА, г-динот Стојан Андов, претседател на ЛП, г-динот Јован Манасиевски, претсдател на ЛДП, г-динот Јани Макрадули, носител на листата за 5-тата изборна единица и г-ѓата Радмила Шеќеринска, претседател на СДСМ.

Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, денес, во поладневните часови, ќе ги посетат и ќе остварат повеќе средби со граѓаните од месните организации Горна Влашка Мала и Христо Узунов.

Коалиција„Сонце“
ОО СДСМ – Охрид

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com