Жаклина Лазаревска, Леонора Новеска и Ивана Ставреска ќе бидат на кандидатската листа за пратеници на СДСМ од Охрид, објави денеска огранокот на партијата.

Три наши другарки охриѓанки се дел од победничката пратеничка листа на СДСМ за ИЕ 5. Предводени од Јован Митрески и Бисера Костадиновска Стојчевска, нашите другарки и ние сите заедно со нив ќе бидеме дел од победата на 8 мај на европска Македонија. Заедно сите со една мисла и една желба, заедно сите со една визија и една цел одиме на двојна победа. Патот е веќе јасен…и нема откажување од европската иднина. – стои во објавата на ОО СДСМ Охрид.

Викендов речиси сите политички партии, учесници на изборите, ги промовираат своите листи и изборни програми.

Г.М.