– На тој начин,со својата лична поддршка и присуство на митингот,сите тие покажаа дека Охрид и Дебрца се општини на кои им е доста од лагите,празните ветувања,зачмаеноста,тортурата и погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски.Во неделата се потврди дека, не само Охрид,Дебрца и околината,туку цела Македонија, е определена за достоинствена и надежна Македонија, а не за ,,пусто острво“ во Европа во какво сакаат да не претворат властодршците од ВМРО-ДПМНЕ.Се покажа дека владеачката гарнитура на Груевски не работаат за татковината туку за парите на народот со кои се богатат себеси и своите семејства на маката и потта на граѓаните.- велат од Општинската оганизација на СДСМ.
Охридскиот огранок на СДСМ јавно ја повика власта и нејзините општинскии структури наместо да се служи со лаги и пропаганда, неодамна понудената бесплатна правна помош за обесправените сограѓани да ја даде на стечајците; на армијата невработени; на оние што како аргати работаат во ЕМО; на студентите кои останаа без стипендии; на родилките и болните кои останаа и без лекови и без паричен надомест за боледувањата; на социјалните случаи чија помош редовно доцни и не се исплатува-за да можат сите тие да ја тужат државата за неподмирените јавни обврски кон сите нив.