Развојниот концепт со кој градов ќе биде дестинација и можност 365 дена во годината  има огромен потенцијал во економска смисла со што ќе се овозможи активност од најмали до најголеми бизниси преку целата година, истакна денес кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата Константин Георгиески.

Тој додаде дека ваквите можности ќе донесат развој и креирање на нова понуда и развој на нови уникатни производи со што ќе се поттикне младата генерација да создава наместо да заминува од градот. Георгиески вели дека се работи на дигитализација на понудата и брз пристап до информација или услуга која би им била потребна на гостите преку креирање на интернет портал и апликација „Цел Охрид на клик“.

На оваа современа платформа прeдвидено е да бидат излистани сите информации за градот и туристичката понуда, хотели, апартмани, ресторани и кафулиња, малопродажба, авто и воден превоз, туристички водичи, настани, случувања и други важни информации.Преку овој портал, со препознатлив изглед, создаваме едноставен канал за користење на услуги, но и нивна промоција, со што значително придонесуваме за навремена информираност и квалитетна услуга за туристите, истакна Георгиески.

Рамномерен развој во сите урбани и месни заедници во поглед на инфраструктурата и уредувањето на местата најави кандидатот за советник од СДСМ Наум Калачоски.

Во секоја месна и урбана заедница  градиме приоритетна инфраструктура: улици, канализација, водовод, градиме маалски плоштади и паркови со содржини за дружба и забава, градиме детски и спортски игралишта и ги реконструираме постојните. Воведуваме комунален ред, хортикултурно уредување и ново осветлување, го продолжуваме и унапредуваме проектот „Ваш реонски општинар“ со кој Локалната власт се доближува до граѓаните со цел да се овозможи  на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на општината, истакна Калачоски

Тој се осврна и на веќе реализираните проекти во селата и населбите. Чолакоски истакна дека биле асфалтирани улици во речиси сите охридски села и населби како и дека беа изградени Изградивме потпорни ѕидови во Стар град, Вапила и Елшани. Инвестирано е во нови водоводни линии, фекална и атмосферска канализација. Потсети и за тоа дека беа поставени  пречистителни станици за вода за пиење во Љубаништа и Трпејца и нови резервоари за вода во Коњско и Подмоље.

 

К.А.