Денеска Христијан Мицкоски повторно промовираше проект оставен од претходните градоначалници од редовите на СДСМ. Проектот во Охрид на кој денеска Мицкоски како партиски лидер учествуваше е проект изработен од претходната општинска администрација предводена од Константин Георгиевски и СДСМ, со поддршка од Министерството за транспорт и врски, реагира СДСМ.
Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините. Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините? Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка? – прашуваат од СДСМ.
Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник ие само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски, стои во реакцијата.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Охрид присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи за реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“, за кој документацијата ја подготви претходната локална власт, што ги предизвика политичките реакции.
Промените во Охрид започнуваат со многу проекти и со сериозна динамика во реализацијата на активности, оние коишто беа отпочнати, но и оние кои од ново ќе започнат, а кои се дел од програмата на нашиот кандидат Кирил Пецаков. Тоа што за нас е важно е ветувањата коишто ги дадовме пред охриѓани и граѓаните на Македонија да ги реализираме и да ги исполниме, да создадеме нова иднина, што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти, затоа што на народот му е преку глава од поделби и неуспеси, народот сака да види резултати и исполнување на ветувањата. – изјави во Охрид Мицкоски.
OhridNews