СДСМ се ресетира со што медениот месец на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски заврши, изјави по завршувањето на вонредниот конгрес во Охрид, членот на Извршниот одбор на партијата, Емилијан Станковиќ.

-Граѓаните на Република Македонија онака како што ветивме денес може да се уверат во кадровскиот потенцијал на партијата. Х Конгрес на СДСМ ќе се памети по длабоката кадровска обнова на партиските органи и на раководството  на партијата. Имено, од 90 членови на Централниот одбор, 72 се нови или кандидати кои прв пат  се членови на Централниот одбор. Од нив 90 проценти се со најмалку високо образованите, има мнозинство доктори на науки, докторанит, меѓу кои и најмладиот доктрорант на Економскиот факултет во Скопје, петнаесетина магистри, со што се заокружува кадровскиот потенцијал на СДСМ, рече Станковиќ.

Тој истакна дека конгресот во Охрид на кој беа избрани новите раководни тела на партијата, ги потврдува заложбите на претседателот Црвенковски искажани на  деветти конгрес. „Со еден збор СДСМ навистина се ресетира“, рече Станковиќ.

Ohridnews