По вчера изнесените обвинувања на општинската СДСМ до локалната самоуправа дека со амин на Министерството за транспорт и врски, безмилосно се ракрчмува најатрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник, од СДСМ со низа прашања до локалната власт.
– Која е потребата да се отуѓува најатрактивното државно градежно земјиште во Охрид? Со кое право се продава тоа земјиште на физички или правни лица? Кој е интересот на Општина Охрид да го продава најатрактивното градежно земјиште по почетна цена што е барем за 20 пати пониска од пазарната? Зошто општината, кога веќе располага со тоа градежно земјиште, не изгради еден мултинаменски репрезентативен објект за потребите на градот и граѓаните, наместо да го продава бадијала на приватни лица за изградба на станбен објект? Кој стои зад ваквата срамна бизнис зделка и за чии интереси се отуѓува најатрактивната градежна парцела во Охрид?, прашуваат од СДСМ.
Оттаму со прашање и зошто не е испочитувана Одлуката за определување зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот во општина Охрид од 02.07.2013 год., донесена од Советот на Општина Охрид, според која пазарната цена на неизградено уредено градежно земјиште во тој дел од градот (ул. „Кочо Рацин“) изнесува најмалку 20 пати повеќе.
– Зошто градските власти во Општина Охрид не застанат во заштита на интересите на градот и граѓаните, против ваквата нелогична и штетна продажба?!, велат од ОО на СДСМ.
Од ОО на СДСМ бараат веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно да се стопира, како што велат, штетната продажба на атрактивната локација.
OhridNews