ОО на СДСМ од Охрид на денеска одржаната прес конференција изрази  незадоволство и резигнираност,  поради како што беше речено „невистините и дезинформациите кои ги пласира ВМРО ДПМНЕ во јавноста, во врска со наводните злоупотреби на локалната власт“. Уште пред официјалниот почеток на предизборните активности ДПМНЕ се одлучи за својата добро позната стратегија – со лаги и невистини да и го одвлекува вниманието на нашата јавност, за да ја прикрие сопствената неспособност, катастрофалните резултати од своето двегодишно владеење и паничниот страв од претстојните избори, рече портпаролот на ОО СДСМ, Анита Азеска.


СДСМ обвини дека некој ја лаже јавноста

„Се прашуваме како е можно ОК на ДПМНЕ од Охрид, преку портпаролот на нивната партија во централата, да се обидува да ја лаже јавноста за огласот за вработување во МЈП Проаква, и тоа да го претставува како предизборен маркетинг на СДСМ“ рече Азеска. Таа упте еднаш посочи дека  огласот беше објавен во дневниот печат во моментот кога никој не претпоставуваше дека ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори. Азеска праша зошто ОК на ДПМНЕ од Охрид не ја известила својата централа и јавноста   за насилството  во ЕМО, отпуштајќи ги од работа и заканувајќи им се на сите што не се од нивната партија; малтретирањето и тепањето на  неистомислениците; насилството во подружниците од јавните претпријатија, , но и за вработувањата на охридскиот аеродром, каде како што посочии портпаролот на СДСМ „се вработуваат партиски војници од ВМРО ДПМНЕ“.

ohridnews