На средбата со новинарите како што е наведува во соопштението, ќе стане збор за неправилностите и нерегуларностите во сферата на медиумското претставување во текот на изборната кампања, за одредени невистини и дезинформации што доаѓаат од изборните табори на некои политички партии и коалиции, за непочитувањето на кодексот за фер и демократска кампања од страна на одредени државни институции и органи. На прес конференцијата ќе бидат соопштени и деталите околу одржувањето на регионалниот изборен митинг за 5-та Изборна Единица на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“, на 24.05.2008 година во 20:30 часот во Центарот за Култура “Григор Прличев” во Охрид.
СДСМ ќе се осврне на текот на кампањата
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com