Утре со почеток во 18:30 часот СДСМ ќе организира „Марш на вистината“ во Охрид. Според најавите, маршот ќе започне на плоштадот „Крушевска република“, кај чинарот и ќе заврши на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, со обраќање на претседателот на партијата, Зоран Заев.
Пред протесниот марш во 14 часот, во хотелот „Ривиера“ СДСМ ќе одржи прес конференција на која ќе се обрати претседателот на Општинската организација од Охрид, Томислав Тунтев.
Се очекува на прес конференцијата да бидат објавени нови прислушкувани разговори во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, кои се однесуваат на Охрид.
OhridNews