Под мотото „Доста е! избори се за иднината!“,  Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија денеска во Скопје ќе одржи протестен марш.

Од протестот се очекува опозицијата да упати барање до власта за предвремени парламентарни избори, како единствено решение за излез од кризата во која се најде земјата под водство на ВМРО ДПМНЕ.

– Овој сенароден протестен марш не е заради Велија Рамковски, не е ниту заради СДСМ.Овој марш е за вас и заради вас. Заради вашето достоинство, вашата слобода, вашето право на подобар живот, заради вашата иднина. – велат од СДСМ.

Протестниот марш ќе почне во 13 часот од населбата Карпош 3, а ќе заврши пред Собранието на Република Македонија.

OhridNews