Водевме проевропски ориентирана кампања што не беше случај и со ВМРО-ДПМНЕ. Нашата агенда е комплетно реализирана, а најважно е, што бевме помеѓу народот “, рече на денешната завршна прес-конференција шефот на Регионалниот изборен штаб на СДСМ, Бранислав Трпчевски.
Тој и денеска ги искритикува политичките противници од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека за време на кампањата ги користеле санитетските возила за партиски цели, го нарушиле Кодексот за фер избори, а се пожали и дека активисти на СДСМ биле повикувани на информативни разговори од страна на МВР.
Иако се залагаме за фер и демократски избори, со оваа власт в недела не го очекуваме тоа, додаде Трпчевски.
Кандидатот за пратеник во Коалицијата “Сонце” од редовиите на ЛДП, Боро Павлоски денеска се пожали дека власта испраќа полициски патроли во јавното претпријатие ” Охридски комуналец” каде што е тој директор, и додаде дека во ниту еден момент претпријатието не е злоупотребено за политички цели.