Денеска на прес конференција во Битола, Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ, објави нови материјали од проектот на опозицијата, „Вистината за Македонија“.

Во фокусот на денешната „бомба“, според СДСМ, беше наводното криминално работење на битолскиот градоначалник, Владимир Талески.

Беа презентирани телефонски разговори поврзани со изборни нерегуларности, партиски вработувања и притисоци врз фирми.

Разговорите покажуваат договарања меѓу политичари и директори за списоци за гласање за ВМРО-ДПМНЕ и закани за тие што нема да гласаат. Понатаму, обид да се поништи изборот на професорката Ременски, која партиски припаѓа на СДСМ, за продекан на факултетот за безбедност, а се слуша и како пратеникот Антонио Милошоски на претседателот на лустрациската комисија, битолчанецот Томе Аџиев, му нарачува лустрација на судија од кичевскиот суд.

OhridNews