Сеуште актуелното раководство на СДСМ-Охрид тврди дека изборот на Томе Чинговски за претседател на огранокот во Охрид е нелигитимен бидејќи е извршен откaко работното претседателство ја прекинало изборната конференција.
“Поради дополнителни деловнички консултации со централното раководство на СДСМ, потпретседателот Игор Ивановски ја прекина синоќешната изборна конференција која со работа ќе продолжи веднаш по обавените консултации. Она што по прекинувањето на Конференцијата се случувало е неважно“, се вели во соопштението испратено до медиумите, потпишано од сеуште актуелниот претседател на Општинската организација на СДСМ во Охрид, Ацо Велески.