– премиерот Груевски, затоа што се уплаши од телевизиско соочување со лидерот на СДСМ, затоа што на стечајците им вети дека за три месеци ќе им го исполни тоа што не сакаше да им го исполни во 20 месеци на власт и затоа што Македонија сеуште не е членка на НАТО и нема датум за преговори со ЕУ;
– вице-премиерот Ставрески, затоа што ги истакнуваше фирмите на браќата Миладиноски во Струга како вистински пример за успешно претприемништво (стружани, некои банки, а богами и МПЦ тоа најдобро го почувствуваа на својата кожа);
– министерката за внатрешни работи Јанкулоска, затоа што во текот на изборната кампања успеа да ги уапси човекот што се осмелил да снима со камера митинг на ДПМНЕ, а и секретарот на изборниот штаб на ОО на СДСМ од Кичево;
– министерот за финансии Славески, затоа што успеа да направи инфлација од над 10% во првите 4 месеци во Македонија, затоа што малопродажните цени на основните производи се покачија за 15% до 50%, затоа што увозот порасна за 50% и затоа што успеа да пронајде пари во буџетот за масовни партиски вработувања во време на изборната кампања;
– министерот за надворешни работи Милошоски, затоа што претпладне држеше предавања, работилници и трибини во државните институции во својство на министер, а попладне беше носител на листа и кандидат за пратеник во 5-тата изборна единица;
– пратеникот Ѓорчев, затоа што кога и да се појави на медиумите или на митинзите со некаква изјава или говор, луѓето не знаат дали да се смеат или да плачат, па најчесто не го сфаќаат сериозно;
– пратеникот Грозданов, затоа што со својата смисла за хумор на прес конференциите секогаш докажува дека паничниот страв од успешна локална власт и од успешна изборна коалиција се обидува да го излечи со неосновани, груби, неучтиви и произволни вербални напади, без никакви аргументи;
– пратеничката Кипаризоска, затоа што никогаш никој точно не знае што сакала да каже со нејзините изјави, со оглед на времетраењето, односно должината на нејзините реченици;
– пратеникот Николовски, затоа што во една телевизиска изјава од три реченици, дадена на охридскиот аеродром, успеа да изговори три вистински „бисери на мудроста“ – ни кажа дека во светот постоеле „изи-џет“ воздушни превозници, за кои до сега никој немаше слушнато (тоа се лоњ-цост воздушни превозници, а Еасѕ Јет е само еден од нив), дека „патниците на охридскиот аеродром треба да платат само за својот патнички билет“ (се прашуваме што е тоа што патниците на останатите аеродроми треба да платат друго, освен својот патнички билет) и дека „цената за слетување на авионите на охридскиот аеродром е нула“ (што е апсолутна невистина и нонсенс);
– претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, затоа што несебично се сложи да се жртвува за својата партија – да членува во неколку управни одбори и да шета на „стручни“ патувања во САД;
– партиските директори од ДПМНЕ во Охрид, кои несебично и ревносно ги користеа службените возила, службениот бензин, службените телефони, како и службениците од државните институции во работно време, за извршување на партиски предизборни активности (овде изразуваме посебна благодарност на директорот на охридскиот аеродром, кој најмногу ги користеше партиско-службените услуги од братот на министерот за финансии, како и на директорот на „Охридско лето“, кој упорно го вее знамето со ѕвездата од Вергина на половина копје пред својата дирекција, докажувајќи им ја упорно својата ДПМНЕ-овска определба на колегите од ДПМНЕ, наспроти опозициската определба на неговиот роден брат, кој „случајно“ работи во „Охридско лето“);
– партиските директори и раководители од ДПМНЕ во ЕМО и други фирми и институции, кои со притисоци, закани и заплашување бараат списоци со 25 гласачи за ДПМНЕ од своите вработени;
– општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, затоа што изборните плакати од нивниот лидер (каде што тој е во класична Ван-Дам борбена поза), ги лепеа низ Охрид деца на возраст од 12 – 15 години, каде што ќе стигнеа – на трансформаторите, вратите, оградите, градилиштата, билбордите, зидовите и контејнерите;
– унијата на млади сили на ДПМНЕ, затоа што покажаа дека знаат како да ја напишат бројката 12 над бројката 4, на изборните плакати од коалицијата „Сонце“;
– конечно, на коалиционите (предизборни, изборни и пост-изборни) партнери на ДПМНЕ, затоа што нарачуваа наместени анкети, затоа што отвораа нови незавршени и недоизградени училишта, затоа што пукаа на штабовите од политичките опоненти, затоа што се поливаа со канти со вода на новите чешми, затоа што „случајно“ промовираа кандидати за пратеници со исти или слични имиња и презимиња со нашите носители на листи, затоа што се откажуваа од сопствените партии само поради задржување на раководните, директорските и министерските фотељи, затоа што целосно партиски ги обоија (продадоа) сопствените електронски медиуми на ДПМНЕ и за многу, многу други „бисери“…
Благодарен,
ОО на СДСМ – Охрид
Томе Чинговски