Според информациите кои ги објавија националните медиуми, во понеделник, во Брисел е закажана првата средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозицијата ќе ја претставува Радмила Шеќеринска, а во име на власта веројатно ќе учествува министерот за надворешни работи Никола Попоски.
На средбата, европската страна ќе ја претставуваат тројца пратеници од Европскиот парламент : Едвард Кукан од демохристијанската група, либералот Иво Вајгл (известувач за Македонија во ЕП) и Ричард Ховит од групата на социјалистите.

Во текот на вчерашниот ден голем број македонски политички аналитичари ја поздравија иницијативата за дијалог помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека тоа може да биде добар почеток за решавање на политичката криза во Македонија.

OhridNews