Кандидатот за градоначалник на СДСМ Сашко Николов прогласи победа на вонредните локални избори во Штип.
Николов изрази благодарност што во време на пандемија, како што рече, Штип и штипјани покажале демократија општествена одговорност и дека ќе продолжи по европскиот пат.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, истакна дека изборите во Штип се победа на демократијата и уште еден пораз на опозизцијата.
Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да – за грижа одговорност и стабилност, не за блокадите, за бојкотот, за лаги стравови ихистерии. Не дозволува овој наш народ блокади, кочења и уништувања, рече Заев.
Од друга страна ВМРО ДПМНЕ, обвини дека Заев го загрозил здравјето на штипјани вадејќи на гласање болни од корона само да ја сочува фотелјата
Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес. Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци. – велат од ВМРО ДПМНЕ.
На вонредните локални избори во Плансица, победи Али Јаоски, кандидат на ДУИ, објави на Фејсбук лидерот на партијата Али Ахмети.
Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јаоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда на волјата на граѓаните за поддршка на нашите правилни политики за сите граѓани, напиша Ахмети.
OhridNews