Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети на работната средба што се одржа денеска во Скопје постигнале договор за формирање парламентарно мнозинство и Влада со полн мандат од 4 години.

Информацијата на прес конференција ја соопштија двајцата лидери, посочувајќи дека постигнатиот договор ќе биде рзгледан од највисоките органи на двете партии.

Како што беше соопштено Владата во полн мандат ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Ќе се укине таканаречената Техничка влада предвидена со Договорот од Пржино, а на 100 дена пред изборите на премиерската функција ќе седне кадар на ДУИ.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавениот бојкот на Собранието на албанската опозција, лидерот на ДУИ истакна деке не е демократски да се бојкотираат и саботираат институциите на системот.

Лидерот на СДСМ Заев, пак, исто така одговарајќи на новинарско прашање, рече дека со коалициониот партнер Ахмети ги договориле темелите на идната Влада, како и дека се договориле иден претседавач со Собранието да биде Талат Џафери.

Доколку се тече според договореното утре вечер, а најдоцна ден потоа ќе се знае во голем дел и персоналниот состав на Владата.

Според најавите во владината коалиција влегува и ДПА.

Г.М.