По месец и половина преговори, разни шпекулации и натегања, формирано е мнозинството во Советот на општина Охрид. Како што неофицијално дознава “Оhridnews“, мнозинството во Советот ќе го има СДСМ. Партијата која освои 7 советнички места договорила коалиција со сите други партии и независни советници, освен со ВМРО ДПМНЕ.

Првата работна седница Советот ќе ја одржи во четврток, 4 јуни со единствена точка на дневен ред: Избор на претседател на Советот.

Неофицијално се лицитира и со име за претседател на Советот, но истакнати членови на СДСМ со кои контактиравме велат дека евентуално таквата одлука треба да ја донесе и потврди партијата. Можно е за ова СДСМ да разговара уште вечерва на партискиот состанок на кој треба да се бираат членови за централниот и надзорниот одбор.

Ohridnews