Протестниот марш под мотото „Доста е! избори се за иднината!“ најавен за 4 декември, е поместен за во недела, 5 декември, соопшти СДСМ.

Причина за одлагањето на маршот е да им се излезе во пресрет на оние граѓани што работат во сабота, а сакаат да се приклучат на маршот, информираше секретарот на партијата Андреј Петров.

– Земајќи предвид дека очекуваме масовен одзив, а со тоа и блокирање на најфреквентните булевари во Скопје, одлучивме наместо во сабота, тоа да го направиме во недела, кога сообраќајот е со најмал интензитет, рече Петров.

Протестниот марш ќе почне во 13 часот од населбата Карпош 3, а ќе заврши пред Собранието на Република Македонија.

OhridNews