Голем број наши сограѓани овие денови им се целосно посветени на матурските прослави. Голем број наши сограѓани целосно ќе им го посветат своето време на матурантите, кои со својот младешки порив и занес пристигнаа пред својот прв испит на зрелоста – матурата.
Поради тоа, Општинскиот изборен штаб на ОО на СДСМ до Охрид одлучи, утре, во среда, на 21.05.2008 година, да ги замрзне своите предизборни активности и, заедно со нашите сограѓани, целосно да им се посвети на нашите идни академски граѓани. Длабоко сме убедени дека на тој начин ќе придонесеме во нашите искрени намери за достоинствено, чесно и пристојно прославување на матурите. На тој начин уште еднаш сакаме да ја покажеме и докажеме нашата европска култура на однесување.
Нашите редовни планирани предизборни активности ќе продолжат во четврток, на 22.05.2008 година, согласно утврдената агенда.
ОО СДСМ – Охрид