Претходно кандидатури поднесоа и Розита Џартовска, адвокат, како и Милан Тоневски, дипломира правник, двајцата од Скопје.
Конкурсот за претседател на ДИК, заврши вчера.
Седницата на која ќе се избира претседател на ДИК е закажана за 15. март, а до неа доаѓа откако доскорешниот претседател на ДИК Александар Новаковски поднесе оставка.
Власта го обвини СДСМ дека намерно ја изнудиле оставката од Новаковски, со цел да добијат повеќе време околу евентуалното одржување на предвремени избори.
Според Изборниот законик, претседателот на ДИК се избира од редовите на опозициската партија која на последните избори освоила најголем број пратеници.
извор: „Макфакс“