Денес нашите политички противници од ВМРО – ДПМНЕ во медиумите објавија  дека нивниот носител во 5 – тата Изборна единица, г. Антонио Милошоски вчера го посетил охридскиот пазар. Тоа навистина е убаво од него, затоа што, веруваме подолго време не бил во состојба да го направи тоа поради министерските обврски и не бил во состојба да се сретне  со секојдневниот, обичниот човек и да се запознае со неговите секојдневни грижи и проблеми.

Веруваме, почитуваниот господин министер имаше доволно време да се запознае со цените на земјоделските производи и да види колкав е бројот на оние кои купуваат. Без никаква зла намера, најкоректно и најчовечки го прашуваме министерот, како претставник на Власта, колку просечниот Македонец може со својот семеен буџет да си дозволи да купи земјоделски производи по тие цени што ги виде министерот на охридскиот пазар?

ОО СДСМ – Охрид