Секојдневна практика е директорите и другите раководни лица во Општина Охрид, назначени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да ја злоупотребуваат својата службена положба во партиски цели, велат од СДСМ. Тие ја обвинија директорката на Детската градинка “Јасна Ристеска” во Охрид за злоупотребата на службената положба и на децата згрижени во установата.
„Денеска директорката организираше детска приредба со песни и игри, но во чест на претседателката и неколку членови на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Ниту на родителите, ниту пак на персоналот во градинката не им е јасно зошто и со кое право директорката денеска ги злоупотреби дечињата и просториите во градинката за партиски цели. СДСМ најостро го осудува ваквото недозволиво, самоволно и непрофесионално однесување на директорката назначена од ВМРО-ДПМНЕ.“-се вели во партиското соопштение.
СДСМ бара директорката на градинката „Јасна Ристеска“ веднаш да понесе одговорност и да поднесе неотповиклива оставка, а градоначалникот на Охрид да го расчисти скандалот.
OhridNews