Трајкоски многу милува да се фали дека” реализирал” многу проекти и тавтолошки да ги набројува и повторува, ама не кажува кој бенефит имаат граѓаните од неговите проекти и колку истите ги плати со парите на граѓаните., велат од СДСМ.
„Ем што правеше неприоритетни проекти, туку истите ги преплати и натплати. Ама не од неговиот џеб, туку со народни пари. Во оваа прилика граѓаните ги потсетуваме за Проектот за зафаќање на дополнителни количини на вода за пиење од новиот извор во село Требеништа, во дворот на шталите на поранешната ЗЗ “Насте Настески” , за кој според податоците објавени на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки потрошени се вкупно 2.018.836 денари, За една бушотина Трајкоски потроши толку многу пари, а Требеништа цело лето е без вода за пиење. По локалните избори ќе градиме инфраструктура за сите и според план и приоритети кои ќе ги предложат граѓаните и месните заедници.“ – стои во соопштението на СДСМ Дебрца.
OhridNews