Трајкоски во изминативе четири години општинските пари наменети за финансирање на граѓанските организации во голема мерка ги делел на роднински и партиски подобни здруженија на граѓани, без почитување на одлуката за критериумите и постапката за распределба на финансиски средства на здруженијата на граѓани и фондациите од буџетот на општина Дебрца, донесена од советот на општината, обвини денеска ОО СДСМ – Дебрца.
„Особено, посебна грижа водел за неговата сестра, која е основач на Здружението “Мавивест”, од село Велмеј, организација за која никој и да не слушнал во село Велмеј и Дебрца. Од тековната состојба може да се види дека претседател на здружението е сестрата на градоначалникот, а седиштето на здружението е на нејзината адреса на живеење.
Здружението е основано два месеци по доаѓањето на Трајкоски на градоначалничката функција, на ден 20.06.2013 година,, а средства добило на ден 31.07.2013 година, што е спротивно на критериумот според кој за да добие средства здружението мора да спроведува активности минимум шест месеци. Здружението средства од буџетот на општината добило и во 2014 година. За што се користени тие средства никој не знае.
Трајкоски, дали Ти е познато дека ваквото постапување е спротивно на прописите за спречување на корупцијата и судирот на интереси и казниво согласно Кривичниот законик?
По 15 Октомври новата локална власт, ќе изврши ревизија на распределбата и трошењето на општинските пари од страна на граѓанските организации.
Во иднина ќе обезбедиме транспарентни постапки и распределба на средствата преку јавни повици и доставени предлог-проекти, со непосредна контрола на трошењето на доделените средства.“ – стои во соопштението на ОО СДСМ Дебрца.
OhridNews