Трајкоски четири години по ред милуваше на новогодишните календари, скапо платени со народни пари да става лични фотографии и во стилот на “народен водач и татко на општината ги прославуваше новите работни успеси за доброто на граѓаните”, велат од СДСМ Дебрца.

– И не само тоа, милуваше да се појавува и на сите рекламни билборди, каде се промовира општината. Ако Трајкоски не знае, да го потсетиме дека ваквиот невкус и демагогија беа карактеристични за едно минато време. Соцреализмот и култот на личноста како негова најбитна карактеристика. На 15 Октомври граѓаните на Дебрца ќе стават крај на ваквото самобендисано практикување на локалната власт и ќе си ја вратат општината, велат од СДСМ Дебрца.

OhridNews