Општинската организација на СДСМ преку дипис до медиумите реагира на изјавата на градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски дадена во петокот во која тој најави проекти за развој на општината. Социјадемократите миу забележуваат на првиот човек на општината тоа што потенцирал дека средствата за реализација на тие проекти биле обезбедени од “Владата на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ “, со што тој се ставил во функција на партијата, а не како градоначалник на сите граѓани.

Оттаму посочуваат дека средствата за регионалниот колектор се обезбедени од кредитно задолжување на Владата на РМ кај Светска банка и дека ќе треба да ги враќаат граѓаните на Република Македонија, а не Владата, како и дека тие средства и биле доделени уште на претходната локална власт, која поради административните, односно политичките бариери од централната власт не можела да ги искористи. Од СДСМ уште додаваат дека општиндката администрација се уште не прави разлика помеѓу ИПАРД програма и Национална програма за рурален развој, бидејќи доколку средствата биле од ИПАРД програмата, Владата не ќе била во можност да дели средства во функција на партиска кампања. 

„Делејќи средства од националната Програма со решенија без финансиско покритие , актуелната власт чиј припадник е и Трајкоски уште еднаш на дело ја покажа сраснатоста на државата и партијата, а кое нешто беше една од најсерозните забелешки во извештајот на Прибе.“ – се вели во соопштението  на ОО СДСМ Дебрца. 

OhridNews