Откако повеќе денови на високите летни температури жителите на населените места Горенци, Оровник и Подмолје, кои се водоснабдуваат од водоснабдителниот систем со извориште во местноста “Св.Еразмо”, останаа без вода за пиење од страна на надлежните од Јавното претпријатие “Дебрца “ беа смирувани дека се работи на отстранување на дефектите и дека за бргу ќе се нормализира состојбата со водоснабдувањето. Сепак најновите случувања покажуваат дека тоа не е така и дека состојбата била далеку од нормализација, велат од општинската СДСМ.
– Во лиферуваното соопштение од страна на Јавното претпријатие жителите се информираат дека се воведува рестрикција на водата за пиење и дека истата по денови наизменично ќе се пушта во населените места. Причината за рестрикциите во водоснабдувањето била зголемената потрошувачка на вода. По се изгледа надлежните од Јавното претпријатие се изненадени од зголемената потрошувачка, која замислете им се случува во летен период !? Напротив, наместо во зголемената потрошувачка, која е нормална за овој период од годината причината за ваквата состојба треба да се бара во неподготвеноста на Јавното претпријатие и непреземањето на потребните мерки како што се реконструкција, односно подобрување на перформансите на пумпната станици или ако веќе во прашање е издашноста на извориштето, изнаоѓање и зафаќање на нови дополнителни извори за водоснабдување,велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека ваквите случувања последица на немањето на приоритет во решавањето на инфраструктурните проблеми од страна на локалната власт. Од СДСМ Дебрца со апел до општинската власт и јавното претпријатие да се преземат сите расположиви мерки за ублажување на состојбата со водоснабдувањето.
– Цениме дека треба да се преиспита одлуката за рестрикција на водоснабдувањето по населени места во текот на цел ден и ако веќе е потребно да се прави и технички е можно истата да биде по одредени часови во денот. Да се обезбедат и други начини за водоснабдување до надминувањето на состојбата, како што е обезбедувањето на цистерни со вода за пиење. Ова од причина што во услови на енормно високи температури и горештини, кои се најавувуваат и за наредните денови не само што е тешко, туку речиси е невозможно да се живее без капка вода за пиење, велат од СДСМ.
OhridNews