24 часа подоцна и Дебрца сеуште е без вода во 21 век, а првиот човек на општината е надвор од државата, правејќи го она што најдобро го знае-себепромоција на социјалните мрежи, обвинува Општинската организација на СДСМ – Дебрца.

За жал и несреќа исклучиво на жителите на Дебрца, дојде долгот за наплата кој е последица на долгогодишното недомаќинско и популистичко работење, носење погрешни кадрови решенија, фокус на погрешни цели. Да се зборува за проблеми со водоснабдување во 2023 година е поразително, но за жал таа е реалноста на Дебрчани по вчерашната одлука на ЕВН да ја исклучи струјата на комуналното претпријатие во Дебрца, со што целата општина остана без доток на вода. – се вели во соопштението.

Дебрца 24 часа без вода, градоначалникот на екскурзија. Фото: ОО СДСМ Дебрца

Ваквата состојба е директна последица на неодговорното работење на првите лица на општината и комуналното претпријатие, кои повеќе не можат да се кријат зад лицето на централната власт и да ја обвинуваат за своите лични неуспеси, велат од СДСМ Дебрца.

Останува неодговорено прашањето, доколку Градоначалникот не се занимава со обезбедување на основните човекови услови за достоинствен живот, како што е водоснабдувањето, тогаш каде е насочено неговото внимание? Каде се трошат парите на граѓаните, чии фактури се плаќаат? Дали можеби општината е претворена во транспортна компанија наместо сервис кој ќе служи на потребите на жителите на Дебрца? На овие и многу други прашања најверојатно ќе добиеме одговор по завршувањето на екскурзијата во Нови Сад, каде се упати Градоначалникот без тронка одговорност и солидарност со своите сожители. – се наведува во партиското соопштение лиферувано од ОО СДСМ Дебрца.

OhridNews
Фото: ОО СДСМ Дебрца