Вложувањата кои владата на СДСМ ги направи во здравството овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении, истакна на прес кoнференција координаторката на Форум на жени СДСМ Дебрца, Ана Аврамоска.

Вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци. Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирус; доктори, медицински сестри, болничари, но и нездравствени работници – транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош -во сите Јавно-здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, здравствените домови коишто го организираа транспортот итн. – рече Аврамоска.

Владата на СДСМ за период од две години издаде повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, и даде повеќе од 1000 согласности за специјализации и супспецијализации, посочи Аврамоска.

Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%. Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници. Некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати за викенд. За 15% го зголемивме капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија. И за првпат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. – истакна Аврамоска.

Според Аврамоска, политиките на СДСМ придонеле за надминување на децениски проблеми во лековите, кои сега се достапни за сите граѓани и во секое време. Воведени се многу иновативни терапии, обезбедени се лекарства за 5 ретки болести, набавена е модерна дијагностичка опрема, реализирани се повеќе капитални инвестиции во здравството, изградени и реконструирани се повеќе здраствени установи, а набавени се возила и опрема за брзата помош, додаде таа.

OhridNews