Во моментов се решава децениски проблем со водоснабдувањето во селата Требеништа, Горенци, Оровник и Подмолје, соопшти општинската организација на СДСМ – Дебрца.

 

Активностите на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Зоран Ногачески од СДСМ, како и Јавното претпријатие за комунални дејности предводено од директорот Игор Крцоски од СДСМ, не застануваат дури и во овие оттежнати услови предизвикани од Корона вирусот. Тие се постојано на терен, ги препознаваат проблемите и потребите на граѓаните и секојдневно изнаоѓаат решенија во корист на локалното население. Во завршна фаза е проектот за изведба на нова бушотина за водоснабдување во село Требеништа и со изградбата на нова пумпна станица ќе се обезбеди подобрување на водоснабдувањето за селата Требеништа, Горенци и Оровник . Вредноста на проектот изнесува околу 1.200.000 денари, а средствата ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца. – велат од партијата.

Овој горлив проблем со години наназад го мачеше локалното население на гореспоменатите села, но оваа власт го препозна и изнајде начин за негово решавање и затоа на сите жители на Дебрца им е јасен изборот на 15 јули, се вели во соопштението за јавност на СДСМ.

OhridNews