Добро е што во ДПМНЕ во Охрид веќе сфатиле дека Јован Стојаноски ќе биде следниот градоначалник, па сега се прашуваат кои и какви раководители ќе поставел во локалната самоуправа. Но, да ја потсетиме охридската јавност кои и какви раководители постави оваа локална самоуправа, предводена од ДПМНЕ, стои во реакцијата на ОО на СДСМ.
– Токму во Секторот за туризам и локален економски развој, заменик раководител е сопругата на секретарот на општината, доскорешна директорка на ЈП „Охридски Комуналец“ беше вујната на градоначалникот. Бакрачески во општинската администрација си вработи двајца свои братучеди, за директор на МЈП „Проаква“ се постави истиот човек што пред 15 години го направи најголемиот долг во ова јавно претпријатие. Дали треба да ги споменуваме и државните институции, каде функционерите од ВМРО-ДПМНЕ си ги вдомија своите најблиски. Снаата на градоначалникот-во МВР, братот од градоначалникот, директор на Телеком, сопругата од еден од доскорешните претседатели на општинскиот комитет-во централен регистар, а синот во МВР, каде воедно се вработи и синот на пратеникот и доскорешен директор на Општа болница, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ со прашања до општинската ВМРО ДПМНЕ- Каде се скрија двајцата пратеници во оваа предизборна кампања?! Зошто никаде ги нема?! Зошто не ги носат кај граѓаните, од врата на врата?! Можеби затоа што не можат да ги отворат тие врати?!
OhridNews