Советничката група на СДСМ денес до градоначалникот Никола Бакрачески писмено достави советничко прашање околу изградбата на објектот во месноста Заум, веднаш до црквата Св. Богородица Захумска.

– Иако, според законските прописи, овој дел од нашето природно наследство претставува заштитен дел од Националниот парк “Галичица”, наводно се работи за денационализиран имот на Црквата.Овој бисер од нашето природно, културно и историско наследство, бидејќи црквата датира од првата половина на ЏИВ век, на овој начин се обезличува, се узурпира и се комерцијализира. Со оглед на местоположбата, се работи за ДУП вон населено место и во планот таква или слична градба не постои. Исто така, и од Заводот за заштита на спомениците и Музеј од Охрид се огласија дека објектот се гради без дозвола, односно без одобрение за градба.Дали, како што беше случајот со Плаошник, и овде се работи за непринципиелен, штетен и преќутен договор на МПЦ со државата?, прашуваат од општинската СДСМ.
 
Оттаму, прашуваат и зошто надлежните општински инспекциски органи, во соработка со надлежните државни институции, не реагирале благовремено да ја стопираат израдбата на непланската градба.
 
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека надлежните инспекциски служби добиле налог да излезат на терен и да ја утврдат состојбата околу објектот кој се гради во Заум, односно дали за неговата израдба се добиени потребните дозволи. Спасески рече дека тоа ќе го утврди инспекцијата и ќе се постапи согласно законот.

OhridNews