Најниската плата на вработените во општинската администрација и во јавните претпријатија формирани од општината да биде 8100 денари бара советничката група на СДСМ. До Советот на општина Охрид денеска поднесовме иницијатива за утврдување на најниска плата која нема да биде пониска од 8100 денари, информираше, заменик координаторот на советничката група на СДСМ , Ацо Димитриески.СДСМ бара иницијативата да биде разгледана на првата наредна седница на Советот, а локалната администрација да подготви информација за бројот на вработени во општината и во јавните претпријатија кои земаат плата под 8000 денари.


СДСМ бара утврдување на најниска плата во општината

Како што информираше координаторот на советничката група на СДСМ, Бранко Трпчески, иницијативата ја подржале и советници од другите советнички групи. Тој смета дека иницијативата е законска и издржана и очекува таа биде поддржана и  од градоначалникот на општина Охрид.

Оваа минимална основица нема многу да го оптовари буџетот смета Трпечски. Тој појасни дека иницијативата се однесува само на вработените во општинската администрација и во јавните општински претпријатија. Трпчески не гледа пречка Советот да ја подржи иницијативата пред да биде донесен Закон за најниска плата, кој би се однесувал на сите правни субјекти. Би било добро доколку секој работодавец да има законска обврска да исплаќа плата не пониска од 8100 денари, рече Трпчески. Тој информираше дека слични иницијативи советничките групи на СДСМ ќе поднесат во сите совети на општините каде партиципираат со свои претставници.

Дел од советниците од другите партии не се согласуваат докрај со аргументите на колегите од СДСМ. Иницијативата за утврдување на најниска плата за вработените во општинската администрација и јавните претпријатија е добра само доколку има законска и економска основа да биде донесена, смета советникот од ЛП Љупчо Нечкоски. Искрено очекувам оваа година да се изнагледаме вакви и слични иницијативи, додаде Нечкоски.


очекува уште вакви иницијативи-Нечкоски

Советникот Иван Огненов, иницијативата на советничката група на  СДСМ ја оцени како типично популистичка. Прашањето за утврдување на  најниска плата не може да се решава на ваков популистилки начин, вели Огненов. „Сакам  да имаат добри плати сите граѓани, но тоа е прашање на економија кое се уредува со закон, а не прашање со кое треба да се водат кампањи, додава, Огненов.


популистичка иницијатива-Огненов

Потребни се сериозни економски анализи дали и колку можат да се зголемат платите. Да се размислува за најниска плата е добро но да се излезе со репер 8100 денари е надвор од разумот, и не може туку така да се дискутира  за висината на најниската плата, вели Огненов.

Горан Момироски