Викендов во организација на ЛК СДММ-Охрид се одржа Регионален турнир во мал фудбал Охрид 2010. На турнирот учествуваа ограноците на Охрид,Струга, Дебар, Кичево, Гостивар и Вевчани.


Победник на турнирот беше екипата на Гостивар која во финалето го совлада локалниот клуб на СДММ од Охрид. Третото место во неизвесен натпревар помеѓу Кичево и Дебар го освои екипата на Дебар.

Лк СДММ-Охрид додели благодарници на сите учесници на турнирот и пехари за победниците, а исто така се заблагодари претседателот на ОО СДСМ-Охрид Наумче Јованоски за помошта во организацијата на регионалниот турнир Охрид 2010.

ohridnews