Советот за безбедност на Обединети нации не успеа да се договори за текстот на изјавата во која се поздравува договорот за извоз на жито и вештачки ѓубрива од Украина и Русија на светските пазари.
Норвешка и Мексико со денови работат да го обединат светот во една порака, која го поздравува историскиот Договор за обновување на извозот на жито, храна и ѓубрива преку Црно Море. Жалиме што тоа не беше можно, изјави норвешката амбасадорка во ОН, Мона Јул.
Гутереш го опиша договорот како без преседан за две земји во крвав конфликт и „сигнал на надеж“ за милиони луѓе кои се соочуваат со големо зголемување на цените на храната.
OhridNews