Светската банка (СБ) донесе одлука да и одобри заем од пет милиони долари на Македонија во рамките на Проектот за осигурување од ризици на катастрофи во југоисточна Европа и Кавказ, јавува „Макфакс“.
„Македонија и Србија се особено подложни на ризик. Податоците од последните 20 години откриваат тренд на постојан пораст на зачестености на природните несреќи, како и силни и интензивни поплави“, стои во соопштението.
Според податоците на СБ, во перидот помеѓу 1986 до 2006, поплавите сочинуваа 44 проценти од природните и технолошки катастрофи во Македонија.
„Поплавите во Македонија од 1994 година предизвикаа штета во вредност 77 пати поголема од сумата одделена од страна на владата во таа година“, се наведува во соопштението.
СБ потсетува дека Македонија се наоѓа Медитеранскиот сеизмички појас и дека во Македонија се случиле три исклучително силни земјотреси во 1904, 1931 и 1963 година.
Пристап до осигурување од катастрофи од новата иновативна програма поддржана од Светска банка ќе имаат сопственици на станови, фармери, приватни бизниси и владини агенции во југоисточна Европа и на Кавказот.
извор: „Макфакс“