Српската фудбалска федерација (СФФ) се наоѓа пред свршен чин кога се работи за избор на нов селектор на националната селекција, затоа што во трката кандидат останал само Саво Милошевиќ.
Поранешниот предводник на Партизан моментално е без ангажман и може веднаш да ја преземе палката во репрезентација. Клупскиот ангажман беше голем проблем за потенцијалните кандидати за селектор на „орлите“, бидејќи СФФ беше приморана да плаќа оштета во име на раскин на договор помеѓу новиот селектор и клубот.
Милошевиќ заедно со селекторот на младата селекција ќе ја водат репрезентацијата со фудбалери од српскиот национален шампионат на турнејата во САД, а потоа и во квалификациите за Мундијалот во Катар.
Последен селектор на Србија беше Љубиша Тумбаковиќ.
OhridNews