Селекторот на македонската ракометна репрезентација Љубомир Савевски денеска поднесе извештај до Ракометната федерација, во кој ги нагласи причините за неуспехот во квалификациите за Светското првенство кои се одржаа во Адана во средината на минатиот месец.


Отсуството на осум стандардни репрезентативци, големата температурна разлика во салата, не придржувањето на договорот за начинот на игра во клучните моменти, некоректен пристап на Турција во дуелот со Литванија и традиционално послаби игри на репрезентацијата на гостински терен без поддршка на навивачите се клучните фактори поради кои Македонија ќе ја нема во баражот за СП се вели во извештајот на селекторот.

За да се надминат ваквите моменти во иднина Савевски до РФМ предлага да се организираат почести собири на репрезентативците и да се одигруваат повеќе пријателски натпревари со силни репрезентации. Тој посакува вклучување на психолог во Стручниот штаб, како и формирање ракометен пул на машката репрезентација за помош во организацијата на работата.

Со оптимистички најави за македонската ракометна иднина Љубомир Савевски смета дека во репрезентацијата следниов период треба да влезе „свежа крв“ односно да бидат вклучени неколку талентирани ракометари.

Ohridnews