Љубомир Савевски во следните две години ќе продолжи да ја води женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија. Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на својата вчерашна седница едногласно реши да потпише нов двегодишен договор со досегашниот в.д. селектор. По разговорот со Трифун Костовски, Савевски ги прифатил сите услови, а комисијата неговата програма.


За разлика од именувањето на Савевски, изборот  на Илија Темелковски за селектор на машката ракометна репрезентација, не поминал глатко. Предлогот на Михајло Михајловски од Конкурсната комисија поминал со 7:2 во корист на досегашниот селектор. На Темелковски во сениорската репрезентација и понатаму ќе му асистира Звонко Шундовски, кој истовремено ќе биде и селектор на јуниорите при што ќе му помага Аце Станковски.

Легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков се согласил да биде селектор на кадетската репрезентација каде што тренер ќе му биде Александар Петровски.

М.П