Македонскиот прославен фудбалер на Вардар, Пелистер, Тони Савески кој настапуваше за македонската репрезентација во периодот кога на клупата седеше Андон Дончески не се гледа себе си на селекторската функција.

Савески кој моментално работи во грчкиот АЕК како спортски директор во младинските категории не е заинтересиран  за македонската клупа, не пред 2010 година. Тој за македонските медиуми изјави:

Слушнав дека се спомнува и моето име но веднаш да кажам дека до денес никој од Фудбалската федрација нема разговарано со мене. Дури и да добијам една таква понуда, тоа е чест за мене, јас не би можел да ја прифатам бидејќи имам договор со АЕК до 2010 година и би било некоректно да го раскинам пред да заврши со оглед дека толку години минав во овој клуб каде ги постигнав најголемите успеси како играч во времето кога тренер на АЕК беше Душан Баевиќ. Дури по завршувањето на договорот би можеле да разговараме на оваа тема но сигурно тогаш ќе биде доцна, на Македонија и е потребен селектор во сегашен момент особено во новиот квалификационен циклус за Европското првенство – вели Савевски.

Савески за селектор на македонската репрезентација го предлага биде Митко Стојковски. Селектор не мора да биде тренер, тие две функции за мене се одделни. Селектор со добар тренер и добар стручен штаб, тоа е најдобро решение, смета Савески.

ohridnews