Селекторот Савевски на денешната прес конференција ќе го соопшти тимот кој ќе настапи на квалификациите во Адана, ТУрција. Досега поради повреди отпаднаа голманот Петар Ангелов и бековите Ацо
Јоноски и Дејан Пецаковски.

На 15 и 16 јануари, во Адана, Турција нашиот тим прво ќе игра со Литванија, ден подоцна со Турција. Само првопласираниот тим ќе обезбеди пласман во бараж квалификациите.

Противник на Македонија ќе биде репрезентација која ќе игра на Европското првенство во Австрија, кое се игра на крајов од месецов.